Денешниот договор за ново работно ангажирање осуденици го потпишаа директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, и директорот на КПУ „Затвор“ – Струмица, Зоран Ристов. На потпишувањето присуствуваше и директорот на Подружницата за шумарство „Беласица“ – Струмица Никола Тренчовски.

Со меморандумот е предвидено осудените лица да бидат вклучени во пошумување, расчистување, како и во други активности од областа на шумарството, со цел да се придонесе за јавниот интерес и заштитата на природата.
Од ЈП „Македонски шуми“ оценуваат дека оваа соработка ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните и ќе придонесе за поефикасно спроведување на активностите во шумарскиот сектор.