Регион

Американските авиони во Бугарија се акт на агресија, предупреди Иран

Арагчи ѝ го цитирал на Петрова членот 3 од Резолуцијата 3314 на Генералното собрание на ОН, која го дефинира поимот агресија

„Давањето дозвола територијата на една земја да ја користи друга земја за извршување акт на агресија против трета земја претставува акт на агресија“, порача иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во денешниот телефонски разговор со неговата бугарска колешка Велислава Петрова.

Според соопштението од иранското Министерство за надворешни работи, цитирано од локалните медиуми, се прецизира дека Арагчи всушност го цитирал Член 3 од Резолуцијата 3314 на Генералното собрание на Обединетите нации, која го дефинира поимот „агресија“.

„Во телефонски разговор инициран од бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги изложил најновите случувања во регионот, тековната агресија на САД против Исламската Република Иран, како и американските акции насочени кон ескалација на тензиите во Западна Азија“, објави иранската новинска агенција ИРНА.

„Одобрувањето од страна на бугарската влада на барањето на САД за распоредување воени авиони во воздухопловната база Безмер за поддршка на воени операции е, од наша гледна точка, за осуда, неприфатливо и спротивно на традиционалните и пријателски односи меѓу двете земји. Би било соодветно бугарската влада итно да ја преиспита оваа одлука“, рече Арагчи.

Како заклучок, шефот на иранската дипломатија нагласи дека Иран нема да се двоуми да ги брани своите национални интереси и безбедност од каква било агресија или непријателски дејствија, додавајќи: „Секоја земја што на кој било начин учествува во извршување на воен напад врз Иран мора да сноси одговорност за нејзините последици“, се наведува во информацијата.

Најнови вести од: Регион

За обид за убиство, уапсен 19-годишник од Македонија во Црна Гора

А.Т. е осомничен дека се обидел да го елиминира 56-годишниот Марко Љубиша-Кан, кој се смета за член на „Шкаљарски клан“ на балканскиот нарко картел, на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва.

To top