Македонија

Скандалозно писание на Буџови: „Илинденското“ востание ги штитеше бугарските интереси и беше во спротивност со проектот за создавање обединета Албанија?!

„Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси. Тоа беше во спротивност со интересите на албанското национално движење и барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата од Пеќ’ за создавање обединета Албанија.“ – ова го наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови во неговото противмакедонско писание во вид на некаква колумна. Toa беше објавено „пригодно“ нималку случајно токму вчера, на 2 август, на денот кога македонскиот народ го слави Илинденското востание, еден од најголемите државотворни празници во својата национална и политичка историја. Овие скандалозни наводи на Буџови се не само негов обид да се понижат македонскиот народ и македонската револуционерна борба за слобода, туку и намера да се прикажат како бугарски македонската историја и Илинденското востание – ставови на иста линија како и ставовите на официјална Софија.

Во тенденциозното и антимакедонско писание под наслов „Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси“, објавено на порталот на весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје, натаму, покрај другото, косовскиот историчар изнесува: „Илинденското“ востание од 2 август 1903 година беше поттикнато од Бугарија и силно поддржано од Србија и Грција, бидејќи тие имаа интерес прашањето на Македонија да го изгуби третманот на албанско прашање, да стане прашање кое мораше да се реши преку распарчување на Македонија меѓу Бугарија, Србија и Грција. Не е случајно што Крушево – во вилаетот Манастир – (Битола – превед.заб.) беше избрано за да добие овој проект и етнички ‘легитимитет’ на ‘мешано население’, каде што православните Албанци и Власи се јавуваа како мнозинство.“

„Ова движење на ‘Илинден’, осмислено од руско-словенските интереси и некои други европски чинители под мотото ‘Македонија на Македонците’, не беше ниту проект ниту интерес на албанското национално движење во согласност со барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата на Пеќ’ за албанска автономија во рамките на Отоманската империја, која со четирите албански вилаети обединети во еден, ќе има облик на отоманска Албанија како мост кон европска Албанија.“

„Така наречениот ‘Крушевски манифест’ не постоел, туку бил измислен од Коминтерната на нејзиниот состанок во 1933 година, за да ги измами Албанците и другите во Македонија да не се спротивстават на раѓањето држава, во која ќе има малцинства. Институционалистичките историчари во Тирана, Приштина и во Скопјe треба да ги преиспитаат своите ставови за овој настан, така што тој ќе биде оценет во согласност со историската вистина, а не со специфичните политички конјунктури од тоа време.“ – наведува Јусуф Буџови во своето пробугарско писание, кое е негаторско кон Илинденското востание, кон македонскиот народ и македонската историја.

 

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top