Македонија

Реобјава на тешкиот антимакедонски фалсификат на косовскиот историчар Буџови: „Илинден’ ги одбрани бугарските интереси!“

Дали „Албанците учествувале во Илинденското востание, оти биле присилно мобилизирани, спротивно на интересите на албанското движење за албанска автономија“, што тврди историчарот од Косово Буџови, или „Албанците плански учествувале во Илинденското востание како клучни чинители, за да формираат заедничка држава“, што тврди историчарот Неби Дервиши од Струга? Двајцата албански историчари-фалсификатори, кои сами се демантираат еден со друг, му го одрекуваат македонскиот карактер на Илинденското востание на македонскиот народ – факт познат во сиот свет и сета нормална светска наука, заради великоалбански и великобугарски позиции и интереси.

„Илинден“ ги одбрани бугарските интереси!“ – има објавено историчарот Јусуф Буџови од Косово на фејсбук уште на 2 август 2023 година и голема дилема е од кои причини се решија информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ и информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА да го реобјават токму денес, на 2 август, на Илинден, ова писание-тежок антимакедонски фалсификат, со белег и на негирање на постоењето на македонскиот народ и неговите национални интереси, и тоа токму под тој исти наслов „Илинден’ ги одбрани бугарските интереси“  баш денес на Илинден, на денот на најсветиот празник на македонскиот народ и  неговата револуционерна борба за создавање самостојна македонска држава.

Во антимакедонскиот пост на фејсбук на Буџови од пред две години, реобјавен денес, се наведува:  „Илинденското“ востание од 2 август 1903 година беше иницирано од Бугарија, а прашањето на Македонија требаше да се реши преку нејзино распарчување меѓу Бугарија, Србија и Грција!“ „Илинденското“ востание од 2 август 1903 година беше иницирано од Бугарија и беше подржано најмногу од Србија и Грција, бидејќи тие имаа интерес прашањето на Македонија да го изгуби третманот на албанското прашање, да стане прашање, кое требаше да се реши преку распарчувањето на Македонија меѓу Бугарија, Србија и Грција. Не е случајно што Крушево, во вилаетот Манастир (Битола – заб.ред.) беше избрано за овој проект да добие и етнички „легитимитет“ на „мешаното население“, каде што Албанците од православна вероисповед и Власите се појавија како мнозинство.“

„Во ова движење се вклучија присилно и и православните Албанци од околните села како „доброволци“,  мобилизирани од Егзархијата (бугарската црква) и од милитантите на ВМРО, кои презеле акција и за палење на албанските села од муслиманска вероисповед во областа Манастир и околината. Тоа создало можност за албанско братоубиство за странски интереси, како што се случило со одговорот, кој  што дошол од Мутешерифот на Скопско, кој ги мобилизирал редифите од редовите на муслиманските Албанци, за да го задушат востанието.“

„Значи, како такво, ова движење, осмислено од руско-словенските интереси и некои други европски чинители под мотото „Македонија на Македонците“, не беше ниту проект ниту интерес на албанското национално движење во согласност со барањата на „Албанската лига на Призрен“ и „Лигата од Пеќ“ за албанска автономија во рамките на Отоманската империја, која со четирите албански вилаети обединети во еден, ќе има физиономија на отоманска Албанија како преоден мост кон европска Албанија.“

„Таканаречениот ‘Крушевски манифест’ не постоел, туку бил измислен од Коминтерната на нејзиниот втор состанок во 1933 година, цо цел да ги измами Албанците и другите во Македонија, за да не се спротивстават на раѓањето на држава, во која ќе има малцинства. Тоа може да се докаже со записниците на Коминтерната, па дури и со тоа кој го предложил и кој бил задолжен да го напише „манифестот“. Поради сево ова, институционалистичките историчари во Тирана, Приштина и во Скопско мора да ги преиспитаат своите ставови за овој настан, за да може да се процени во согласност со историската вистина, а не согласно со специфичните политички конјунктури од тоа време.“ – наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови.

Значи, Буџови изнесува два става: (1) „Илинденското востание не беше ниту проект ниту интерес на албанското национално движење за албанска автономија на тогашните четири албански вилаети и за нивно обединување“ и (2) „Во него се вклучија присилно мобилизирани и православните Албанци од околните села како ‘доброволци“. Со ова косовскиот историчар, не знаејќи, најдиректно го демантира неговиот сонародник историчарот од Струга Неби Дервиши, кој во изјава за информативната агенција Илирија-ИНА, покрај другото, ќе изнесе тврдења дека „месните Албанци како клучни чинители учествувале во во Илинденското востание со главна цел да формираат заедничка држава за сите етникуми, што живеат во оваа земја“. 

 Во статијата, штоја објави „Експрес“ со наслов „Скандалозна противмакедонска провокација токму на Илинден: Во востанието учествувале Албанци, Власи и Бугари, не и Македонци! Албанците беа клучните чинители, па и на Крушевската република?! е пренесена следната изјава на Неби Дервиши: „Врз основа на документи од странски архиви, главната улога во Илинденското востание ја играле Албанци, Власи и Бугари, додека Македонците не се споменуваат во ниту еден документ. Главната цел на востанието била формирање заедничка држава за сите етникуми, што живеат во оваа земја, а не, како што подоцна се трубеше, да се формира држава за македонскиот народ. „Без Албанците Илинденското востание немаше ни да се случи, поради нивниот придонес во него. Албанците ќе учествуваат и во органите на управување на Крушевската република, како на пример во Собранието на Крушевската Република, што беше формирано во овој град: од вкупно 60 луѓе, 20 беа Албанци, 20 Власи и 20 Бугари.“

Сега која е „научната вистина“: дали „Албанците учествувале во Илинденското востание, оти биле присилно мобилизирани, спротивно на интересите на албанското движење за албанска автономија“, што тврди историчарот од Косово Буџови, или „Албанците плански учествувале во Илинденското востание како клучни чинители, со главна цел да формираат заедничка држава за сите етникуми“, што тврди историчарот Неби Дервиши од Струга? Двајцата албански историчари-фалсификатори, кои сами се демантираат еден со друг, му го одрекуваат македонскиот карактер на Илинденското востание на македонскиот народ – факт познат во сиот свет и сета нормална светска наука, заради великоалбански и великобугарски позиции и интереси.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top