Македонија

Велика Британија станува стратешки партнер на Македонија, објавија премиерите Стармер и Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер објавија дека денеска во Тирана потпишале Договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Мицкоски и Стармер на билатерална средба постигнале согласност за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, информираат од Владата. Македонија уште од 2008 година има потпишано Декларација за […]

Премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер објавија дека денеска во Тирана потпишале Договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Мицкоски и Стармер на билатерална средба постигнале согласност за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, информираат од Владата.

Македонија уште од 2008 година има потпишано Декларација за стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави, .

Според Владата, договорот со Велика Британија претставува „стратешко позиционирање на Македонија во делот на интересите на една од најмоќните светски политички и економски сили и ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји“.

Од него Македонија очекува засилена економска и политичка соработка со Велика Британија, велат од Владата.

Премиерите Мицкоски и Стармер дадоа куси изјави по денешната средба:

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top