Македонија

Мисајловски: Илинден е темелот на современата македонска држава

Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност.

„„Во име на вработените во Министерството за одбрана и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 2 Август – Илинден. Нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината.

Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава“, вели актуелниот мин истер за одбрана во илинденската честитка.

Мисајловски порачува дека таа идеја живее и денес во секој од нас, затоа што слободата и мирот што ги уживаме се платени со жртвата на нашите предци.

„Денешниот празник нè обврзува да ги чуваме вредностите на единството, солидарноста, слободата и меѓусебното почитување, градејќи општество во кое секој граѓанин ќе има можност достоинствено да живее и да придонесува за заедничката иднина. Во духот на славното илинденско наследство, да продолжиме со мудрост, единство и решителност да ја градиме Македонија како држава на мирот, демократијата, просперитетот и надежта за идните поколенија. Нека илинденскиот пламен секогаш ни го осветлува патот кон единство, напредок и мир.

Нека ни е честит 2 Август – Илинден! Нека ни е вечна Македонија!“, пиштува тој во честитката.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Илинден не е само датум, тој е и завет

Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија

Крушевската Република остави порака што и денес има силно значење, држава изградена врз слобода, еднаквост и меѓусебна почит. Истите вредности беа потврдени и на АСНОМ, кога беше трасиран патот на современа Македонија

Г.Г. Стефан: Само обединет народ може да ги зачува својата слобода, идентитетот и држава

Илинден од 1903 година го означил востанието за слобода, АСНОМ од 1944 година го потврдил правото на сопствена држава, а независноста во 1991 година ја заокружила современата македонска државнос

To top