Бизнис

Македонски менаџер стана регионален директор за водечка светска компанија

Дел од својата кариера минал во „Пивара Скопје“

Македонскиот менаџер Ѓорѓи Христов е именуван за нов генерален директор на една од водечките светски компании „Кока-Кола“ за пазарите во Грција и Кипар.

Христов на функцијата ќе го замени досегашниот директор Ставрос Мурелатос, кој оди на повисока раководна позиција во европската организација на Кока Кола.

Христов има дведецениско искуство во структурите на „Кока-Кола“.

Дел од својата кариера минал во маркетингот на „Пивара Скопје“.

Во „Кока-Кола“ се приклучил во 2011 година и извршувал повеќе раководни функции во Србија, Унгарија и на европско ниво. Пред новото назначување бил генерален директор за регионот Адрија, кој ги покрива Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Фото: linkedin

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top