Македонија

Ковачки: Измеќарите без исправен грбник, кои со децении ја влечеа државата во кал, денес сами се препознаа како талог

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот”. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните” политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат, пишува на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Генералниот секретар натаму во својата објава на општествената мрежа истакнува: Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е наследство.

Дедото се клањал на едни, таткото на други, а внукот ја мери силата и правецот на ветерот и однапред си се наведнува. Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва…адресата се менува, ама држењето (виткањето) не. Што би рекол народот: Трета генерација исправен грбник не памети. 

Тоа што измеќарството го издигнаа на ниво политичка доктрина и го нудат како единствен разумен пат, не е ништо друго туку обид за да си ја кренат цената, притоа не сфаќајќи дека не само што така си ја спуштаат сопствената цена, туку истовремено ја креваат летвичката за сопствената татковина повисоко.

Но, Македонија нема време за губење со таквите структури. Одиме напред, порачува Драган Ковачки во својата објава на фејсбук. 

Најнови вести од: Македонија

Вреди: ДУИ делеше работни места како да се подарок од Али Ахмети! Правичната застапеност не е партиска милостина!

ДУИ го блокира Законот за правична и соодветна застапеност, на штета на Албанците, а само со цел ВЛЕН да не постигне успех, порача ВЛЕН. ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи […]

МНР: Нема отстапки од националните интереси, јазикот, идентитетот и историјата! – СДСМ шири хистерија и ја дезинформира јавноста!

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагираат од МНР.

„Иновативни“ злоупотреби во македонското земјоделство и сточарство: се пријавуваат за субвенции со ушни маркички од угината стока!

Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување земјоделски површини, се само дел од злоупотребите кои се прават за да се добијат субвенции, открива министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА.

Најнови вести

To top