Македонија

Спектакл во 11 градови по повод Денот на независноста

Кулминацијата е предвидена за 4 септември на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што, според организаторите, ќе настапат повеќе од 120 уметници

Со спектакуларен музичко-сценски перформанс на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, в недела (9 август) ќе започне музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија, соопшти „Авалон продукција“.

Според најавата, преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на државата, при што ќе бидат претставени најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, годинава ќе се реализира музички караван што ќе посети 11 градови низ државата, со настапи на познати македонски музичари и актери. Останатите градови од турнејата ќе бидат дополнително објавени.
Кулминацијата на проектот е предвидена за 4 септември на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што, според организаторите, ќе настапат повеќе од 120 уметници.

 

Од „Авалон продукција“ ги повикаа граѓаните да присуствуваат на отворањето на караванот во Охрид и заедно да го започнат одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top