Македонија

„Беше магично“: Докиќ за посетата на Македонија (ВИДЕО)

Прекрасно поминато време во Македонија, напиша на Инстаграм некогашниот четврти женски рекет во светот

Тениската ѕвезда Јелена Докиќ на заминување од Македонија им сподели на фановите видео на Инстаграм со избрани моменти од заедничкиот престој со нејзиното момче Јане Веселинов во земјата од која потекнува Македонецот од Мелбурн.

„Беше магично. Прекрасно време во Македонија. Ти благодарам љубов моја Јане за неверојатните спомени и моменти. Навистина беше магично да го доживеам ова со тебе“, напиша полуфиналистката на Вимблдон од 2000 година и некогашна четврта тенисерка во светот.

Јелена и Јане ги посетија Скопје, Матка, Охрид, Бигорски манастир и од секое место таа не го криеше своето одушевување во објавите на социјалната мрежа.

Видеото на Докиќ на линкот.

Најнови вести од: Македонија

Се смирува состојбата во Гостивар: Клековски најави резултати од анализите до 20 август

Епидемиолошката состојба се стабилизира, бројот на нови пациенти се намалува, но официјален крај на епидемијата ќе има дури откако ќе се исклучи поврзаноста со водата за пиење

To top