Хроника

Уапсен возачот што вчеравечер прегази жена во Ѓорче Петров и избега

Деветнаесетгодишниот Н.Н. е задржан во полициска станица, возилото му е одземено и против него ќе биде поднесена пријава

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода Н.Н. (19) од Скопје, кој вчера во 21:20 часот со патничко возило „фиат пунто“ удри во 48-годишната А.С.К. од Скопје на крстосницата од улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“ во Ѓорче Петров и го напушти местото на настанот.

Жената доби тешки телесни повреди во несреќата, констатирани во градската општа болница „8 Септември“.

Екипа од СВР Скопје направи увид и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на возачот и на возилото.

По насоки на јавен обвинител, Н.Н. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

To top