Македонија

И викендов се очекуваат „пеколни“ температури

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност се очекуза за денеска, но жешкото време ќе продолжи и за викендот.

Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40 степени. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Најнови вести од: Македонија

Споменикот „Мајка Македонија“ ги симболизира потеклото, татковината и историскиот и културен идентитет на македонскиот народ

Иницијативата ја одразува желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и да се оддаде признание за нивниот придонес кон развојот на Нови Сад, Војводина и Србија

Просечната оценка од полагањето матура е 3,66, – подобри оценки по јазици и математика

По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, што претставува 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Учениците на кои им бил поништен тестот, заедно со оние што отсуствувале во јуни, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија.

To top