16-годишната Велина Стаменковиќ од Врање со своите изведби на македонски народни песни ги допира срцата на илјадници луѓе низ Балканот.
Иако живее во Србија, преку својот дедо од Куманово носи дел од македонските корени, а секоја песна што ја пее е израз на љубов, почит и гордост кон македонската традиција.
Нејзиниот голем сон е еден ден да студира на Музичката академија во Скопје и да продолжи да ја негува македонската музичка ризница.
Понекогаш музиката кажува многу повеќе од зборовите – таа ги поврзува луѓето, ги чува корените и потсетува дека љубовта кон една култура се чувствува со срцето.