Македонија

Македонија меѓу најдостапните за емигрирање на германските пензионери

„Емиграција во пензија: Северна Македонија е 52% поевтина од Германија“, се нагласува уште во насловот на германски портал

Македонија и Колумбија се на врвот на најпривлечните дестинации за населување на пензионерите од Германија со пензии од околу 1.000 евра, според написот на германскиот портал „Ад хок њуз“ насловен „Емиграција во пензија: Северна Македонија е 52% поевтина од Германија“.

Процентот се однесува на цените на хотелските и на ресторанските услуги во Македонија наспроти Германија, според германската статистичка служба Дестатис, кои ја прават македонската држава најпримамлива меѓу земјите од источна и од југоисточна Европа како најпогодни за живеење на германските пензионери со помали пензии.

За споредба, во Бугарија, заштедите изнесуваат 47 проценти, а во Црна Гора 39 проценти. Албанија е исто така истакната во рангирањето за 2026 година како една од најдобрите локации за пензионери.

Во 2025 година Колумбија регистрираше 448 германски имигранти. Престојот до 90 дена е без виза, а може да се аплицира за продолжување од уште 90 дена. Сепак, визата за постојан мигрант за пензионери е предмет на строги услови: потребен е доказ за пензија од најмалку 1.410 евра месечно. Оваа бројка се базира на трикратна минимална плата во Колумбија, која се предвидува да биде 1.750.905 колумбиски пезоси (приближно 470 евра) за 2026 година. Постојаниот престој е можен по пет години со соодветна виза.

„Податоците од Федералниот завод за статистика потврдуваат континуиран интерес за преселба: Во 2025 година, вкупно 288.500 Германци емигрирале. Додека класичните дестинации како Швајцарија (22.700 луѓе), Австрија (13.500) и Шпанија (9.700) се на врвот на статистиката, неевропските опции сè повеќе доаѓаат во фокусот за пензионерите со потесни буџети“, се вели во анализата.

Во Тајланд се проценува дека буџетот од приближно 1.500 американски долари месечно за регионот Хуа Хин е потребен за одржување на висок животен стандард. Во Костарика, паровите треба да очекуваат вкупни трошоци помеѓу 1.800 и 3.500 американски долари во 2026 година.

Најнови вести од: Македонија

To top