Хроника

Дваесетгодишник од Македонија најден мртов во стан во Саранда

Полицијата не нашла траги на насилство, се сомнева дека младиот човек починал од природна смрт

Македонски државјанин е пронајден мртов во стан каде што престојувал на одмор во албанскиот крајбрежен град Саранда.

Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули во населбата број 1 во градот.

„Полицијата во Саранда соопшти дека жртвата, идентификувана како О.Ј. (20), била пронајдена од неговото семејство додека била во станот каде што престојувала за време на престојот во Албанија“, објавија медиумите.

Прелиминарниот преглед на телото не открил знаци на насилство. Се сомнева дека младиот човек починал од природна смрт, но обдукцијата ќе треба да ја потврди причината.

Властите продолжуваат со истрагата за да ги разјаснат сите околности на овој трагичен настан.

Ова е втор трагичен крај на граѓанин од Македонија за време на неговиот престој во Албанија.

На плажата Каваја се удавил и еден 66-годишен македонски државјанин. Според полицијата, тој доживеал срцев удар откако влегол во морето.

Најнови вести од: Хроника

Гевгелискиот суд пресуди 18 години затвор за дојранецот, кој го претепа до смрт својот пријател

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна затвор од 18 години на 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново, кој беше прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Станува збор за првостепена пресуда, а обвинетиот ќе остане во притвор до нејзината правосилност.

По невремето во скопски Карпош покрај повредената жена (86) пронајдена и експлозивна направа!

МВР информира дека синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“, осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод, ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Пред судијата на претходна постапка осомничените од 12 часот даваат искази по што ќе биде познато дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување.

Во туѓо име подигнувал надомест за невработени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од Саса,  Македонска Каменица, поради постоење основани сомнежи за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување” во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност”.

Жител (40) од Пробиштип подолго време им се заканувал на три жени и со употреба на електрошокови им изнудил 1800 евра!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип, поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

To top