Регион

Педесет и пет чешки полицајци тргнаа на мисија во Македонија и Србија

Ќе ги набљудуваат границите со Грција и Бугарија

Педесет и пет чешки полицајци заминуваат деновиве во странски мисии во Македонија и Србија јавува Радио Прага.

Чешките полицајци ќе бидат во регионов, и ќе служат до 11 септември, кога ќе ротираат.

Веста ја потврди претседателот на полицијата, Петр Петрик.

Чешките полицајци ќе помагаат во обезбедувањето на границата на Македонија со Грција и на Србија со Бугарија. Овој потег е дел од континуирана операција на ЕУ во рамки на мисијата Фронтекс како одговор на миграциската криза.

Најнови вести од: Регион

Бугари мамеле постари лица низ Хрватска – им украле речиси 38.000 евра

На 22 септември, полицијата примила вкупно 29 пријави од граѓани во врска со телефонски повици од непознати лица кои се претставувале како болнички персонал или членови на семејството, на кои наводно итно им биле потребни пари за трошоци за болничко лекување.

To top