Македонија

Скопје на 40 степени, лекарите со апел да не се излегува од 10 до 17 часот

Температурата од 40 степени Целзиусови што се прикажува во временските прогнози не значи дека толку е измерено на секоја локација во Скопје.

Македонија деновиве живее под вршник, температурите на некои места се очекува да се искачат и до 40 степени целзиусови во сенка, а многу повеќе на градскиот асфалт. Центарот на метрополата остана празен по алармот што го вклучија здравствени институции- во најтоплите часови да се седи дома во климатизиран стан. Во едно деноноќие Брзата помош во Скопје имала 66 интервенции, се давала помош при сообраќајки со повеќемина повредени, а имало и два случаи на губење свест. Човек паднал пред банка поради дезориентираност, а друг колабирал, информираат од ИМП. Најавите од Управата за хидрометеоролошки работи се дека до крајот на неделата ќе биде многу топло.

  • Во вторник и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературата ќе опадне за неколку степени“, соопштија синоптичарите.

Од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува изложување на сонце, работа и физичка активност на отворено од 11 до 17 часот. Температурната разлика дома –надвор да не биде голема.

  • Ако надвор е 39 степени, клима-уредите да бидат на околу 25 степени, за да може организмот полесно да се прилагоди доколку излезете надвор. Доколку на тие температури се изложени работници, особено оние кои работат на отворено, треба да имаат повеќе паузи, да бидат помалку изложени на сонце и да престојуваат под сенка, како и да внесуваат доволно течности“, препорачува д-р Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје.

Тој советува и полесна исхрана во периодот на високите температури – повеќе лесна, помалку мрсна и висококалорична храна, како и избегнување намирници со големо количество шеќери.

  • Доколку надворешната температура е над 35 степени, најдобро е да се престојува во климатизирани простории, а не само со вентилатори. Треба да се спуштат ролетните и прозорците да бидат затворени во најтоплиот дел од денот. По 17 часот се препорачува прозорците да се отворат и просториите да се проветрат“, вели Здравески.

Посебно внимание, според него, треба да посветат хронично болните, бремените жени и лицата над 65 години. Хронично болните треба редовно да ја земаат пропишаната терапија, а доколку не се чувствуваат добро, да се консултираат со матичниот лекар. Повозрасните кои живеат сами треба да одржуваат редовен контакт со соседи, пријатели или роднини, за навреме да добијат помош доколку почувствуваат симптоми.

„Не ја менувајте и не ја прекинувајте терапијата без консултација со лекар“, нагласуваат од ИЈЗ. Во примерните здравствени ординации зголемен е бројот на случаи на сончаница и дехидрираност.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

Илиевска: ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата реализира уште повеќе и за пензиите, за секој пензионер линеарно ги зголеми за 7.000 денари, вели Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

To top