Македонија

Македонија сама го решава проблемот со визи за професионалните возачи, вели Николоски

Maкедонија веќе има билетарални договори за транспортерите со Швајцарија, Хрватска и со Романија, а се работи и со Австрија, Германија и со Унгарија, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Телма. Николоски вели дека Македонија веќе имамедоговори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работи на случајот со Австрија, со Германија и Унгарија.

  • Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, вели вицепремиерот.

Тој потенцира дека овие земји се таргетирани како земји каде македонските превозници најмногу извезуваат или транзитираат.

  • Начинот на којшто ние можеме да помогнеме е да склучиме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната како би се издавале долгорочни работни визи кои би можеле да ги користат превозниците. Тоа е едното, второто кое што веќе успеавме да го договориме со Европската Kомисија е возачите да бидат признати како професионалци и нешто што се случи. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија. Во тек се Австрија, работиме со Германија и Унгарија и генерално ова се земјите каде што македонските извозници најчесто одат и онаму каде што најчесто се извезува македонската стока, што значи дека македонските транспортери најчесто патуваат таму, рече Николоски.

Тој го потврди ставот на Владата дека секоја држава од Западен Балкан самостојно треба да го решава овој проблем.

  • Она што јас во повеќе наврати го кажувам и сега ќе го кажам е дека секоја држава треба да го решава проблемот самостојно и дека не смееме овој проблем да се гледа заеднички, затоа што една е позицијата на Македонија, друга е на останатите држави од Западен Балкан и не мислам дека е паметно овој проблем да се гледа заеднички, туку треба сите држави да го решаваат индивидуално. Ние го решаваме индивидуално, имаме решение и ако другите држави не можат да го решат, тоа е нивни проблем – истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.

Тој повтори дека решението треба да дојде од Европската Комисија, за што веќе се оддржани неколку состаноци и очекува набрзо дека ќе се најде соодветно репшение и упати апел до превозниците да не подлегнуваат на странски пропаганди, бидејќи Владата работи на билатерални договори со државите.

Најнови вести од: Македонија

Скопје има безбедна вода за пиење, вели Ѓорѓиевски

Изворот Рашче е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење, пишува градоначалникот

Туристички бум во јуни – во Македонија дошле над 113.000 гости, најмногу од Турција

Јуни донел силен прилив на странски гости во земјава, но ниту тоа не било доволно првата половина од 2026 година да заврши со раст на туристичкиот промет. Бројките покажуваат интересна слика – странците убедливо доминираат меѓу посетителите, Турција е далеку пред останатите пазари, а домашните туристи бележат пад.

Им пречат македонштината, историјата и македонската приказна – ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ

Опозициската партија обвинува дека во видеото објавено по повод прославата се изоставени клучните државни достигнувања, како што се зачленувањето во ОН, НАТО и добивањето кандидатски статус за ЕУ.

Трпение до први септември, потоа протести на границите од транспортерите

Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тема на беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба.

To top