Грчката амбасада во Скопје вчера објави за кокцерт на грчки уметници на Охридско лето на кој била претседателката Сиљановска-Давкова која ги следи речиси сите настани на Охридско лето.
Но објавата која требаше да прати порака на пројателство и соработка инспирираше говор на омраза и атмосферата веднаш се вжешти.
Десетици Грци но и Македонци почнаа да коментираат за историски прашања а само неколкумина со позитивни коментари за прекрасниот настан.
,,Во присуство на претседателката на С. Македонија, Гордана Силјановска Давкова, и амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, Грчката ноќ, што се одржа во рамките на фестивалот „Охридско лето“, се одржа под величествените фрески на црквата „Света Софија“ во Охрид.
Теодосија Нтоку, меѓународно призната грчка пијанистка и соработничка на некои од најголемите светски музичари, му се придружи на Масимо Полидори, главен виолончелист на оркестарот „Ла Скала“ во Милано, за извонредна вечер со дела од Рахманинов, Дворжак, Чајковски, Пјацола, Форе и Елгар.
Посебна благодарност до фестивалот „Охридско лето“, а особено до неговиот директор, Ѓорѓи Цуцковски, за прекрасната соработка.
Настанот се одржа со поддршка на ОКТА”, стои во објавата на Грчката амбасада во Скопје по што почнаа коментарите меѓу кои има и предлози за грчка окупација на Македонија како што предлага извесен Ивор Келиос.
,,Охрид? А Лихнидос(Λυχνιδός)/Охрида(Οχρίδα) се викаше градот на оригинално Хеленски. Црно на бело како се друго со факти…. Треба Грција да преземе мерки да се врати тоа што е насилно о купирано од јужно-словените(ки раџии) кои беа од Грчки учители последни описменети во 6-7-век за на крајот (рани куче да те лае) да прават пропаганди со насилни асимилации и репресии на фашистички начин и затоа сега балканизација создадоа”.
За само еден ден на постот за убав музички настап кој треба да поврзува има речиси 400 коментари.

Со исклучок на неколку позитивни и конструктивни сите останати се навредливи.
Во дебатата се вклучени и Бугари кои ја ги поддржуваат грчките навреди.
Во коментарите никој не ги споменува одличните грчки уметници.

Сите коментари на постот