Македонија

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Натаму, ДУИ тврди: „Можеби Министерството, не сакајќи, ја опиша реалноста, која Владата ја создава. Албанците се систематски отстранети од високи позиции и центрите за донесување одлуки во секторот на одбраната. Десет директори во Министерството за одбрана, ниту еден Албанец. На нивоата каде што се донесуваат одлуки, присуството на Албанците е сведено до целосно исклучување. Армијата се финансира и од даноците. Албанците служеле и продолжуваат да служат во нејзината униформа.“

„Албанските семејства ѝ ги довериле своите синови и ќерки на оваа институција. Никој нема право да ја претвори во симболичен и институционален имот на една етничка заедница.“

„Во меѓувреме, (не) Вреди молчи. Нивните министри и заменик-министри ги задржуваат своите позиции, додека Албанците губат позиции во полицијата, армијата и целиот безбедносен систем. Нивната улога е сведена на оправдување на одлуките на ВМРО ДПМНЕ и издавање соопштенија против ДУИ.“

„Бараме моментна корекција на именувањето, објавување на етничката структура на раководните позиции во Министерството за одбрана и враќање на правичната застапеност на Албанците на сите нивоа на донесување на одлуки. Армијата на Република С.Македонија е заедничка институција. Секој обид да се претстави и да се изгради како моноетничка институција директно ги нарушува мултиетничкиот карактер на државата и духот на Охридскиот договор.“ – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top