Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.