Македонија

ЦУК: Регистрирани 27 пожари, активни шест, еден под контрола

20 од вкупно 27 пожари се изгаснати

На територијата на државата активни се шест пожари, а еден е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот утрово биле регистрирани вкупно 27 пожари, од кои 20 се изгаснати.

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод, како и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – Житоше во општина Крушево и кај селото Бојане во општина Сарај.

Под контрола е пожарот кај градската депонија во Делчево.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот знаел дека опозоциски партии ќе почнат хибриден напад за кревање хистерија

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните

To top