Македонија

Велјановски: Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, која станува попривлечна за долгорочни, стратегиски и технолошки напредни вложувања!

„Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево се новите инвестиции за посилна македонска економија. Покрај компаниите, кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции. Напоредно Владата води преговори со нови компании, кои имаат интерес да инвестираат во Македонија, истакна на денешната прес конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме економијата и да не зависиме само од една индустрија, посочи Велјановски. Како што посочи тој, една од значајните нови инвестиции е инвестицијата на „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово. Станува збор за мултинационална компанија, со повеќе од четири децении искуство во автомобилската индустрија, производител на безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители. Во периодот од 2026 до 2030 година, компанијата планира да инвестира околу 20 до 21 милион евра, а според бизнис-планот се очекува отворање на 400 до 500 нови работни места. Планот предвидува и извоз кој би достигнал околу 45 милиони евра годишно.

Во ТИРЗ Скопје 1, започна изградбата на новата фабрика на „Чагатај Кабло“. Инвестицијата е вредна околу 6 милиони евра, ќе опфати производствен објект од 10.000 квадратни метри и ќе овозможи до 200 нови работни места. Особено значајни се и инвестициите во современи и високотехнолошки индустрии. Во ТИРЗ Кичево започна изградбата на фабриката за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“, додека германската „BMZ Group“ реализира инвестиција од 65 милиони евра во производство на литиум јонски батерии, со планирани 700 нови работни места. Во оваа група се и инвестицијата на „Епсотех“ за развојно истражувачки центар и инвестицијата на американскиот „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила.

Она што особено радува е што инвестицискиот интерес се шири надвор од автомобилската индустрија. Една турска и една германска компанија од областа на високите технологии потврдија дека ќе инвестираат во Македонија. Нивните вкупни инвестиции се очекува да достигнат околу 80 милиони евра, со околу 1.000 нови работни места и заеднички извоз од над 200 милиони евра. Со три странски компании се завршени преговорите за инвестиции и отворање фабрики во Македонија. Станува збор за компании од автомобилската индустрија, високите технологии и фармацевтската индустрија.

Паралелно, Владата преговара со уште околу десет компании од различни сектори, меѓу кои високите технологии, автомобилската индустрија, енергетиката и други индустрии со висока додадена вредност. Целта е овие разговори да ги претвориме во конкретни инвестиции, нови производствени капацитети и нови работни места. Во телекомуникацискиот сектор, компанијата „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија, планира да инвестира повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор, што ќе значи поголема конкуренција, нови услуги и дополнителни можности за граѓаните.

Овие инвестиции се потврда дека Македонија станува поатрактивна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции. -Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги поддржува домашните компании, но и да ги отвораме вратите за странските инвеститори кои сакаат да произведуваат и да создаваат во Македонија, изјави Велјановски.

Најнови вести од: Македонија

Во Штип со положување свежо цвеќе одбележани 83 години од смртта на народниот херој Славчо Стојменски, убиен од бугарската фашистичка полиција

Со положување на свежо цвеќе, денеска во Алејата на народните херои во центарот на Штип се одбележа 83 години од загинувањето на народниот херој Славчо Стојменски.Овој голем патриот, иако многу млад, веќе револуционерно задоен, непоколебливо и бескомпромисно се вградува во темелите на револуцијата со исконска желба за слобода на својот народ. Верувал дека ќе ја […]

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С., по што Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезна врата, а С.С. со остар предмет им нанел расекотина […]

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки

Исплатата на повратот на дел од платениот данок на додадена вредност преку мерката „МојДДВ“ започна денеска. Корисниците кои ги исполнуваат условите може да очекуваат средствата да им бидат префрлени директно на нивните трансакциски сметки.

Виничанецот Јован Костадинов (20), кој спаси 21 живот во смртоносната трагедија во „Пулс“ во Кочани, добитник на шведската „Награда за младинска храброст“ за 2026!

Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на “Наградата за младинска храброст“ („Young Courage Award“). Меѓу годинашниве добитници на таа меѓународна за 2026 е и Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Клековски: В четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за Гостивар, ништо нема да биде премолчено

Одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август нагласувајќи дека целта е од оваа епидемија да се излезе отворено и јасно со научени лекции.

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Најнови вести

To top