Македонија

Виничанецот Јован Костадинов (20), кој спаси 21 живот во смртоносната трагедија во „Пулс“ во Кочани, добитник на шведската „Награда за младинска храброст“ за 2026!

Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објави овогодишните добитници на “Наградата за младинска храброст“ („Young Courage Award“). Меѓу годинашниве добитници на таа меѓународна за 2026 е и Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 живот во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Наградата им оддава признание на млади лица на возраст од 13 до 20 години кои, и покрај ограничените ресурси, дејствувале во духот на Раул Валенберг, покажувајќи исклучителна храброст и извонредна иницијатива. Годинава наградата достигна до повеќе земји од кога било досега. Во образложението за доделувањето на наградата се нагласува: „Јован Костадинов го изложил на опасност својот живот, за да спаси луѓе заробени во смртоносен пожар во ноќен клуб. Неговата храброст и несебичност спасиле повеќе човечки животи.“

„Во време кога улогата на младите во обликувањето на општеството премногу често се потценува, поважно од кога било е да ги препознаеме оние кои создаваат позитивни промени во своите заедници и пошироко преку храброст, морални убедувања и конкретна акција. Овогодишните добитници покажуваат како младите можат да ги претворат вредностите во дела и вистински да придонесат за подобар живот на другите, во духот на Раул Валенберг“, изјави Ана Уромби, генерална секретарка на Академијата „Раул Валенберг“.

Добитниците беа избрани од номинации поднесени од граѓани, училишта и амбасади од 15 земји: Австралија, Канада, Грција, Унгарија, Монако, Црна Гора, Нов Зеланд, Македонија, Норвешка, Полска, Србија, Шведска, Танзанија, Уганда и САД. „Фактот што наградата денес достигнува до повеќе земји од кога било претставува јасен доказ дека посветеноста на младите кон човековите права и демократските вредности е глобална сила. Со својата ангажираност, добитниците на наградата ‘Младинска храброст’ покажуваат дека тие не се само иднината, туку веќе денес се клучни двигатели на позитивните промени“, изјави Мадлен Шестед, генерален директор на Шведскиот институт.

Сите добитници се поканети во Стокхолм каде што ќе ги примат своите признанија на официјалната церемонија за доделување на наградата „Младинска храброст“, која ќе се одржи на Денот на Раул Валенберг, во четврток, 27 август, од 16:00 до 17:15 часот. За време на церемонијата ќе биде доделена и Наградата „Раул Валенберг“. За време на престојот во Шведска, од 25 до 28 август, добитниците ќе учествуваат и во едукативната програма „По стапките на Раул“ (In Raoul’s Footsteps) во Стокхолм. Програмата опфаќа низа активности, меѓу кои и средба со министерката за надворешни работи на Шведска Марија Малмер Стенергард.



Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top