Натаму Митески наведува на општествената мрежа: Благодарност до совесните граѓани кои реагираа и го пријавија случајот. Ги повикувам сите граѓани да пријавуваат вакви постапки до Општина Аеродром, по можност со фотографија и точна локација.
Ние ќе го исчистиме и ова. Но, оние што создаваат диви депонии мора да понесат одговорност!
Не молчете кога некој го уништува просторот во кој сите живееме! Чист Аеродром е заедничка одговорност!