Македонија

Кривична за директорка основно училиште од Виница

Ја вработила ќерката која немала соодветно образование да работи како наставник по математика

 

Против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во тој град, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата.

Директорка се сомничи за несовесно работење во службата, зашто ја вработила својата ќерка како наставник по математика иако таа немала соодветно образование.

Како што соопшти полицијата, на 27.01.2025 пријавената Г.С.(45) од Виница склучила договор за вработување со својата ќерка С.С. за работното место предметен наставник во основно училиште.

Со ова директорката му нанела штета на буџетот на училиштето за исплата на плати на ќерката во износ од 245.666 денари.

Најнови вести од: Македонија

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top