Свет

Маша е закана за националната безбедностана Украина!

Санкциите за пет Руси и четири организации поврзани со создавањето и дистрибуцијата на анимираната серија која шири проруски наративи преправени како детска содржина

Претседателот Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се воведуваат санкции врз Русите и организациите поврзани со создавањето на анимираната серија „Маша и мечката“.

Ова го објави Киев индепендент

„Санкциите беа воведени врз пет Руси и четири организации поврзани со создавањето и дистрибуцијата на анимираната серија „Маша и мечката“, која шири проруски наративи преправени како детска содржина.

Ова претставува закана за националната безбедност на Украина“, се наведува во декретот, објавен на веб-страницата на Кабинетот на претседателот на Украина.

„Сега под санкции се студиото „Анимакорд“, кое е автор на оваа анимирана серија, нејзиниот основач, генерален директор, како и сценаристот, режисерот и продуцентот, коавтор на серијата“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Свет

Меланија Трамп: „Ќе видиме“

Во последните денови, Меланија Трамп се вклучи и во хуманитарни преговори поврзани со војната. Белата куќа соопшти дека таа помогнала да се обезбеди локален прекин на огнот за окупираниот град Олешки во регионот Херсон, со што се овозможило доставување хуманитарна помош и евакуација на цивили

To top