Свет

Tенк со американски и руски знамиња во близина на борбената линија во Украина (ВИДЕО)

„РТ“ објави видео на кое се гледа американски оклопен транспортер M113 во рацете на руската војска.

Според руската државна телевизија РТ, тенковските екипажи од 70-от моторизиран полк му предале на нивниот воен дописник Влади Андрица видео на кое се гледа оклопен транспортер со руски и американски знамиња, како брза кон бојното поле во близина на селото Мала Токмачка во Запорожјската област.

РТ тврди дека возилото, наводно американски М113, било запленето од украинските вооружени сили, поправено и вратено во употреба од руската армија за борбени мисии.

https://x.com/CforCD/status/1957378950000255242

Објавувањето на ова видео дојде само неколку дена по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска, на 15 август 2025 година. Главна тема на разговорите беше војната во Украина, но не беше постигнат договор за прекин на огнот.

Трамп ја опиша средбата како „продуктивна“ и изрази надеж за идни преговори меѓу Русија и Украина. Путин, од друга страна, се покажа задоволен од дискусиите, споменувајќи „взаемно разбирање“ и навестувајќи можност за следна средба во Русија.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top