Македонија

Ангелов: Во Македонија има 15 пожари, од кои 4 се големи – Проблем во гаснењето е непристапниот терен

На територијата на Македонија се активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се големи пожари, Четирите големи пожари се на подрачјата на општините Прилеп и Битола, Македонски Брод, Студеничани и Липково, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Најголем пожар и понатаму е пожарот во Мариовскиот регион, на општините Прилеп и Битола, кој денес ставен под делумна контрола. – Кракот којшто се движи над селото Крушевиште е значително намален. Можеби во вечерните часови ќе се приближи кон селото, но таму, на лице место, се наоѓаат сили од локалните пожарникари, поддржани со тимовите за брз одговор на ДЗС, составени од доброволци од Битола, Кочани и од Виница. Имаме и четири екипи со специјални возила, односно огнените тимови на Дирекцијата – изјави Ангелов.

Околу селото, додаде, се направени специјални противпожарни пресеки, коишто огнот не би требало да ги помине. Се работи за линија од еден до два километри, за разлика од претходните повеќе од 25 километри.

– Од другата страна, гледано кон магистралниот пат Прилеп–Битола, состојбата е драстично подобра. Во текот на ноќта, храбрите пожарникари од Прилеп, поддржани со храбрите доброволни пожарникари ангажирани преку Дирекцијата од Битола, ја нападнаа линијата на огнот и, при тоа, на мое големо неверување, успеаја да изгаснат повеќе километри огнена линија високо во планините, притоа и доста ризикувајќи, бидејќи теренот е прилично негостољубив. Во овој момент имаме таму само еден активен крак којшто се движи кон селото Бонче, но селото не е загрозено бидејќи имаме сконцентрирано доволно сили – информира Ангелов.

Втор голем пожар е оној кој повеќе денови трае на територијата на општина Македонски Брод, над селото Драговдол. – Вчера повторно го активирав модулот за шумски пожари на Дирекцијата, составен од 25 доброволни пожарникари од различни места од државата, со пет оперативци на Дирекцијата. Модулот цел ден работи на терен како поддршка на професионланите пожарникари од Македонски Брод. И овој пожар е значително намален, но теренот е екстремно негостољубив. На некои места не може да се оди пеш, а ниту има ефект ако се дејствува од воздух – изјави Ангелов.

Трет е пожарот којшто повеќе денови гори на територијата на општина Студеничани, а се движи кон Китка. – Рано утрово таму направивме хеликоптерско извидување. Имаше само остатоци од горењето во еден дол, бидејќи, благодарение на активностите на скопските пожарникари, линијата беше ставена под делумна контрола. Затоа дадов наредба да дејствуваат „ер тракторите“, коишто во два налета исфрлија околу 20 тони вода. Постои можност овој пожар целосно да згасне, но и доколку покажува активност, таа ќе биде ограничена само на една точка и дополнително ќе планираме што понатаму – изјави Ангелов.

На оваа точка, како што појасни Ангелов, не може да се дејствува ниту со специјалните возила на Дирекцијата, ниту со пешадија, бидејќи се наоѓа во тешко пристапен, а во најголем дел и целосно непристапен дол. Активен е и пожарот којшто вчера околу пладне изби на територијата на општина Липково, над селото Никуштак, којшто сега се движи во насока над селото Матејче и кон манастирот над Матејче.

– Таму дејствуваат четири пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, коишто се на места каде што теренот го дозволува тоа. Ја гасат надворешната линија. На лице место се наоѓаат и кумановските пожарникари, но превентивно донесовме и еден БТР на Дирекцијата, којшто има резервоар полн со шест тони вода. Во случај огнот да пробие овде зад мене, да го браниме селото, бидејќи веќе на стотина метри назад се наоѓаат првите куќи од селото. Но, сметам дека селото во ниту еден момент нема да биде загрозено, бидејќи се работи за живо село, полно со луѓе. Сега имаме асфалтирани улици и, покрај тоа што овде забележувам многу висока сува вегетација, сепак луѓето, локалните жители, ќе помогнат, како што помагаа во текот на вчерашниот ден – информира Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Музички настапи ја одбележаа првата вечер од 17-то „Карпошово културно лето“

Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија […]

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

На годинашниов 39-ти Охридски пливачки маратон утре ќе настапат 16 пливачи на патеката, долга 25 километри

Со почеток во 11 часот од Свети Наум утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. 16-те пливачи ќе пливаат на патеката „Климе Савин“. Патеката е долга 25 километри, со старт од Свети Наум, а целта е на Кеј Македонија.

По повеќемесечно чекање од денес повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер – Се разгледува можноста за набавка на втора ПЕТ камера

По повеќемесечниот застој единствениот ПЕТ/КТ скенер во Македонија повторно започна со работа, со што конечно се отвора можност за прегледи на пациентите, кои долго време чекаат. Од денеска се вршат снимања. Според министерот за здравство Сашо Клековски, за првиот ден се закажани девет пациенти.

Уништени, или оштетени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв – ги сечеле со брусилка!

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни, информираат од Здружение за одржлив развој САТ – Скопје. Зимската маркација била поставувана од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година со учество на повеќе од 25 локални доброволци и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложиле значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Штетата се проценува на најмалку 8.000 евра.

Претседателката на Македонија Силјановска-Давкова во Таранто со поддршка за македонската делегација, најбројна досега на Медитеранските игри

Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова. Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите

To top