Македонија

Таблички во боја за службените возила

Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја.

Ваква одлука беше донесена од Владата, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

„Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила.

Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели.

Во наредниот период ќе биде отворена и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили. Секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.

Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, кој ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење. 

Со оваа одлука се исполнува уште едно клучно ветување – одговорно управување со државните ресурси и целосна отчетност кон јавноста. Државата испраќа јасна порака дека јавните ресурси се за јавна употреба, а не за лична корист. Преку воспоставување на систем за јавен увид и контрола, се поставуваат повисоки стандарди на интегритет и одговорност во работењето на сите институции“, наведено е во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Авиони повторно не можат да слетаат во Скопје, еден од нив цел час кружел па бил пренасочен

Поради влошените метеоролошки услови, односно поради опасен метеоролошки феномен познат како „смикување на ветерот“ (wind shear), кој претставува сериозен ризик при слетување, неколку авиолинии беа пренасочени кон соседните држави.

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со кои се соочуваме

Борбата против фемицидот мора да започне дома, во градинка и во основното образование, да продолжи со правни акти и институционални механизми, вклучувајќи ги и јавнообвинителските и судските. Сиљановска-Давлова посочи дека ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско.

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува забрзано

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информираше преку општествената мрежа за забрзаната динамика во изградбата на сообраќајно-транспортната инфраструктура во македонската метропола.

(Фото): На располагање 25 милиони евра – рекорден интерес кај младите за самовработување

Мерката за самовработување постигна рекорд со 6.045 поднесени апликации, што е доказ дека граѓаните имаат желба, знаење и доверба да изградат сопствен бизнис, рече премиерот. Поради големиот интерес, Министерството за економија заедно со Агенцијата за вработување, ѝ предложија на Владата ревизија на Планот, со што беа обезбедени дополнителни 300 милиони денари, од кои 161 милион преку ребалансот, за ниту еден потенцијален претприемач да не остане без шанса.

To top