Македонија

Собранието не им плаќа приватно лекување на пратениците и вработените

Се работи за систематски, односно превентивни здравствени прегледи, кои претставуваат законска обврска на работодавачот, а не дополнително или приватно здравствено осигурување

 

Собранието ја информира јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите, откако вчера некои медиуми пласираат информација дека пратеници на товар на парламентот се лекуваат во приватни ординации и болници.

Од Собранинето појаснуваат дека постапката на која се повикуваат медиумските објави се однесува на обезбедување систематски, односно превентивни здравствени прегледи, кои претставуваат законска обврска на работодавачот, а не дополнително или приватно здравствено осигурување, се вели во демантот.

„Согласно член 22 став (1) од Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци. Оваа законска обврска не се однесува само на Собранието, туку се применува на работодавачите во јавниот и во приватниот сектор, согласно одредбите на Законот.

Видот, начинот и обемот на овие прегледи дополнително се уредени со Уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените, донесена врз основа на член 22 од Законот за безбедност и здравје при работа. Прегледите ги врши овластена здравствена установа од областа на медицината на трудот.

„Оттука, јавната набавка што ја спроведува Собранието е за конкретни здравствени и превентивни прегледи во рамки на систематскиот преглед, а не за набавка на полиси за приватно здравствено осигурување.

Станува збор за две суштински различни категории.

Приватното здравствено осигурување подразбира склучување осигурителна полиса со осигурително друштво со која на осигурените лица им се покриваат определени здравствени услуги во согласност со условите на полисата. Собранието нема склучено такво осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба.

Во конкретниот случај се работи за јавна набавка на здравствени услуги за реализација на систематски преглед, кој Собранието, како институција и работодавач, е должно да го обезбеди согласно законските прописи“, појаснуваат од Собранието

Натаму велат дека „Собранието во целост ја почитува слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана и да ги анализира начините на трошење на буџетските средства. Истовремено, очекуваме информациите што се однесуваат на работата на Собранието да бидат презентирани точно, целосно и со јасно разграничување меѓу факти и интерпретации“.

 

Најнови вести од: Македонија

Супериорниот Hi-Fi звук на Samsung Galaxy Buds4 Pro препознаен од аудио експертите

Признанието од страна на Асоцијацијата за експертско оценување на слика и звук (EISA) ги потврдува Galaxy Buds4 Pro слушалките како пример за долгогодишната посветеност на „Samsung“ кон испорачување Hi-Fi звук верен на оригиналот и интелигентни, адаптивни искуства при слушање

Пожар се заканува на бензинска пумпа

Иако засега нема проценка за неконтролирано ширење на пожарот, близината на цистерните и бензинската пумпа ја прави ситуацијата особено чувствителна и бара внимателно следење и брза реакција на терен, предупреди синоќа директорот на ДЗС Стојанче Ангелов

35 години „Матица Македонска“

Поетот, книжевен критичар и антологичар Раде Силјан ја основа „Матица македонска“ во време на голем национален и општествен пресврт, со јасна определба книгата на македонски јазик да стигне до македонскиот читател и до секој македонски дом

To top