Македонија

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

„Пожарот кај Горно Чичево и Долно Чичево е најверојатно е започнат од стрниште. Поради високата и сува трева и ветерот се раширил со голема брзина, загрозувајќи ги двете села. Ми се јави итно градоначалникот на општина Градско, бараше итна помош.“ – напомна Ангелов во видео-изјава.

Првиот човек на ДЗС наведе дека тука итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил воздушните трактори коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината Китка.

„Ги пренасочив овде, помогнаа за почетно фаќање контрола врз овој пожар, а веднаш потоа продолжи со дејство и полицискиот хеликоптер. Голема благодарност и до локалното население коешто со трактори излезе да заора, да направи противпожарни пресеки и со тоа да го пресече овој пожар. Се надевам дека набргу истиот ќе биде целосно изгаснат “, истакна Ангелов во видео изјава.

Најнови вести од: Македонија

To top