Македонија

Симов: Да бидеш против дата центар е исто како да си против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов во објава на Фејсбук вели да се биде против дата центар денеска е исто како да се биде против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години.

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов во објава на Фејсбук вели да се биде против дата центар денеска е исто како да се биде против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години. Во неговата објава на социјалните мрежи, тој посочи дека „дата центарот“ може да го дефинира низ различни призми – на енергетика како голем потрошувач на енергија и создавач на топлина – Топлана на која може да се грееме како во Скандинавија на пример, или градежнички, кој вели дека може да го дефинира како зграда во која живеат социјалните мрежи, интернет сервисите и вештачката интелигенција.

  • „Една од дефинициите која воопшто не е поврзана со тоа што всушност е дека дата центар е мерка за економска развиеност на една земја. Тоа значи колку повеќе дата центри во една земја, толку повисок развој. На пример, највеќе дата центри има во САД, 4767, на второ место е Велика Британија со 569 дата центри, потоа следува Германија 533, Франција 393, Кина 376 и така натаму“, објаснува Симов.

Сепак, тој се задржува на суштинската дефиниција што е дата центар.

  • „Дата центар е капацитет (објект, зграда) во кој се наоѓаат голем број на компјутерски сервери кои служат за обработка и складирање на информации. За какви информации се работи, на пример ќе го земам Facebook. Facebook не работи на мобилниот телефон или на компјутерот од кој му пристапуваме. Каде се сместени сите слики, видеа, коментари лајкови и се што се поставува на таа мрежа? Сите тие податоци се складирани во тие така наречени дата центри. Таму има голем број на сервери кои се дистрибуирани низ повеќе локации во цел свет за да се складираат податоците и да се сервираат (испратат) до корисниците кога ќе пристапат на социјалната мрежа преку мобилен телефон или компјутер“, наведува Симов.

Образложувајќи ја комплексноста што ја вршат дата центрите, тој посочи дека ниту Facebook, ниту YouTube, Instagram, Google, Temu, ChatGPT, Claude и други, електронското бакарство како и дигиталните услуги нема да можат да работат без дата центри. Симов забележува и еден апсурд во врска оваа ситуација. Тој истакна дека главната битка против дата центри се води на Интернет и социјални мрежи кои не би постоеле ако нема дата центри, слично како битката со 5G мрежите од пред пет години. За тоа што значи дата центар за економијата, претседателот на комисијата на АЕК го посочи примерот на Google во Германија.

  • „Во моментот Google во Германија гради дата центри во вкупна инвестиција од 5,5 Милијарди евра. Годишниот придонес во БДП на Германија ќе биде само од таа инвестиција 1.016 Милијарди евра. За Германија и нејзиниот БДП 1 милијарда не значи многу ама замислете колку е тоа на нашите 18 милијарди евра“, вели тој.

Симов сепак порача дека она на што треба да се обрне внимание е бјектот да се направи по највисоки еколошки стандарди; Дата центарот да се направи на место кое нема да го попречува животот на локалното население; Да се направи на место на кое има или дополнително ќе се направат доводи на електрична енергија со доволен капацитет за да не се загрози снабдувањето на постоечките потрошувачи; и да се обезбеди електрична енергија на берзите за енергија по пазарни цени.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Најнови вести

To top