Македонија

Уништеното француското село Помас личи на „воена зона“ по торнадото: „Природата нѐ избомбардира!“

Торнадото, што го зафати департманот Од во јужна Франција, го опустоши малото село Помас, уништувајќи куќи, општинската зграда и локалното училиште. Глетката е опишана како „воена зона“.

Жителите на Помас останаа шокирани од штетата што настана откако низ областа помина торнадо со редок интензитет. Торнадото, кое го погоди департманот доцна попладнето во понеделникот, најтешко го зафати селото Помас, уривајќи ѕидови, откорнувајќи покриви и корнејќи дрвја од корен. Повредени се 39 лица – две од нив сериозно – а 17 сè уште се хоспитализирани, пренесува „Франс 24“.

Ерве Жине, градоначалникот на Помас – село со околу 1.000 жители – изјави дека чувството било како да се живее во „воена зона“. „Природата нè бомбардираше… Луѓето се во шок; некои изгубија сè. Веќе немаме училиште ниту општинска зграда“, рече тој, додавајќи дека е вистинско чудо што никој не загинал, бидејќи можело да има десетици жртви. Штетата е толку голема што поголемиот дел од селото ќе мора да се изгради одново.“ – рече Жине.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека торнадото било со „редок интензитет“, додека заменик-префектот на регионот, Мари-Елен Бузак, го опиша како „исклучителен и крајно трауматичен настан“. Од вкупно 476 куќи во селото, оштетени се околу 300, рече градоначалникот, додавајќи дека обемот на штетата е таков што поголемиот дел од селото ќе мора да се изгради одново. До раните утрински часови во вторникот, 7.250 домаќинства низ регионот Лангдок-Русијон останаа без електрична енергија – вклучително и 1.600 домаќинства во департманот Од (Aude) – според податоците на операторот на мрежата „Енедис“.

Покривите што беа откорнати од невремето сега се покриени со пластични церади. Блиските полиња и лозја се преполни со скршени лежалки и делови од жичени огради уништени од силните ветрови, пренесува „Франс 24“. Екипите за итни интервенции работеа во текот на ноќта, додека мештаните се обидуваа да спасат што можат. Во меѓувреме, пожарникарите, потпомогнати од кучиња, го пребаруваа теренот во потрага по евентуални жртви.

Во тек се операции за пребарување и проверка, во кои учествуваат 75 пожарникари поддржани од специјализирани тимови за засилување, соопштија од префектурата. Некои од жителите ноќта ја поминаа во локалниот центар на заедницата, кој беше претворен во привремено прифатилиште, додека други престојуваа кај роднини или пријатели. Многу роднини пристигнаа во погоденото подрачје за да донесат залихи или да понудат помош. Хозе Гомез, жител на блиското село Треб, изјави дека куќата на неговиот пријател се урнала додека тој бил внатре.

„Тој се здоби со повреди на главата и скрши три или четири ребра. Утринава беше пуштен од болница“, рече Гомез. Абдала Вакас, кој има двајца внуци на возраст од 13 и 17 години, изјави дека тинејџерите биле вознемирени. – Ништо не се случи во нивната куќа, но децата се донекаде трауматизирани бидејќи покривот на куќата на нивната баба беше однесен – рече тој.

Според „Метео-Франс“, Франција секоја година е погодена од десетици торнада со различен интензитет. Ова лето, Франција се соочи со три топлотни бранови и рекордни 52 дена со високи температури, дополнително влошени од климатските промени. Екстремните временски услови предизвикаа суши, шумски пожари и рекорден број одрони на карпи во Алпите. Според научниците, влијанието на глобалното затоплување врз зачестеноста и интензитетот на торнадата сè уште не е јасно.

 

Најнови вести од: Македонија

Прв случај на западнонилска треска и во Куманово

Расте бројот на заболени од западнонилска треска во Македонија. Шест нови случаи регистрирани во еден ден. Откриен е и првиот заболен во Куманово. Вкупната бројка се искачи на 50 пациенти. Сомнителни на болеста се три лица.

Кој и зошто ги усмрти на 25.6.2001 Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46) со експлозив, врзани во „Бриони“?

На денешен ден, на 26 август 2001 година се случи чудовишното убиство на двајцата чувари на мотелот „Бриони“ недалеку од тетовското село Челопек: Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46).

Меџити: Приштина и Скопје не биле никогаш поблиски, патот Скопје-Блаце ќе го зголеми сообраќајот меѓу Косово и Македонија

Сопретседателот на Вреди Изет Меџити изјави дека во изминатите две години врската меѓу Косово и Македонија е зајакната, посочувајќи дека „никогаш досега Приштина и Скопје не биле поблиску“.

To top