Бизнис

Вевчанец лауреат на престижната награда „WORLD BUSINESS LEADER“ на „THE BIZZ Awards 2026“

Еден од водечките македонски филантропи и хуманисти се искачи високо на светската скала на успешни професионалци во својата област

Вевчанецот Д-р Небојша Баткоски е добитник на престижната награда WORLD BUSINESS LEADER, доделена во рамки на „THE BIZZ Awards 2026“, што од 24 до 27 август се одржа во Виена, Австрија, во организација на Светската конфедерација на бизниси – „WORLDCOB“.

Наградата му беше врачена на свечената церемонија како признание за неговото лидерство, визија и посветеност во развојот на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ ( Dr. Batkoski Dental Center).

Во рамки на настанот, стоматолошкиот центар се стекна и со сертификат „EXCELLENCE IN BUSINESS MANAGEMENT“, за извонредност во управувањето и високите професионални стандарди.

„THE BIZZ Awards“ обединува компании, претприемачи и бизнис лидери од повеќе од 130 земји, а признанијата се доделуваат за деловна извонредност, лидерство, иновации и високи стандарди во работењето.

Од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ посочуваат дека меѓународните признанија се потврда за долгогодишната работа и континуираниот развој на центарот, како и за вложувањата во нови технологии, современи методи на работа, професионална едукација и развој на тимот.

Наградата „WORLD BUSINESS LEADER“ и сертификатот „EXCELLENCE IN BUSINESS MANAGEMENT“ претставуваат уште едно меѓународно признание за Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и неговата определба за развој на стоматологијата според високи професионални стандарди.

Доктор Батковски важи за еден од најактивните филантропи во западниот дел од Македонија но тој не споделува јавно информации за неговата хуманитарна работа.

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Најнови вести

To top