Честитки до православните верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.
Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски“, пишува во честитката на Гаши.