Македонија

Сè уште гори на планината Готен, вкупно активни три пожари во Македонија

Од утрово на територијата на државата се активни три пожари, а еден е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од вкупно регистрирани 28 пожари, изгаснати се 24. Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, каде од вчера покрај екипи од земјава, во гаснењето учествува и чешкиот […]

Од утрово на територијата на државата се активни три пожари, а еден е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од вкупно регистрирани 28 пожари, изгаснати се 24.

Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, каде од вчера покрај екипи од земјава, во гаснењето учествува и чешкиот хелокоптер „Блек Хок“ и словенечки пожарникари со повеќе возила.

Како што соопштија од ЦУК, активни се пожарите мееѓу селата Галиште и Ќесендре во Општина Кавадарци, каде гори мешана шума и нискостеблеста вегеетација и кракот од пожарот кон селото Градешница во Општина Новаци.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Карбинци, кај селото Јунузлија.

Најнови вести од: Македонија

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top