Македонија

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Според информациите од МВР, автомобилот со кој управувал Савески најпрво удрил во кучиња скитници, по што излетал и се забил во металните браници покрај патот. Возилото потоа се запалило.

Несреќата повторно го сврте вниманието кон опасностите на оваа патна делница, а Охрид денеска се збогува со млад човек кој беше дел од кошаркарската заедница и работеше со најмладите.

Савески потекнува од Охрид, каде што ги направи првите кошаркарски чекори, а подоцна започна и со тренерската работа. Работеше и со млади кошаркари во школата на Водно Партизан.

Савевски беше познат и по својата голема љубов кон спортот и колекционерството.

 

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција

Винарската визба „Тиквеш“ ја потврди својата доминација на меѓународните вински натпревари, овој пат освојувајќи вкупно 15 високи награди на престижните Mundus Vini Summer Tasting 2026 и Citadelles du Vin 2026, меѓу кои и специјални награди за најдобар производител и за најдобри вина од Македонија. Со новите успеси, винарницата уште еднаш докажа дека во земјава има потенцијал за создавање светски брендови кои во силна конкуренција се истакнуваат со своите уникатни вредности.

Мицкоски: Криминалната Влада на СДСМ-ДУИ ни остави распадната и ограбена Македонија, но ја направивме подобро место за живеење!

Изминативе 26 месеци се боревме со распаднати и уништени институции, со држава ограбена и клекната на колена, довршувавме проекти кои што беа започнати и заборавени. Градевме експресни патишта, делници од пруга и продолжуваме да градиме. Продолживме со автопатските секции и продолжуваме со нови, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешното претставување на новите комунални возила за општините.

Најнови вести

To top