Македонија

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија во употреба реконструираната Стара чаршија.

  • “Драго ми е што Министерството за транспорт можеше да помогне во реализација на обновување на Старата чаршија во Гевгелија. Издадени се вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат. Сакам да се заблагодарам на Управата за заштита на културно наследство и Министерството за култура со коишто заеднички работевме, како и на сите вработени во Министерството за транспорт коишто заедно со Општина Гевгелија на дневна основа работеа. Не беше лесно, особено што се работи за заштитени објекти, но тие 27 дозволи се случија, а после тоа се реализира и проектот. Исто така, се дадоа соодветни дозволи и решенија за партерно уредување и реконструкција на сите пристапни улици, како и на самата главна улица во чаршијата” истакна заменик пртеседателот на Владата, Николоски.

Тој додаде дека во Гевгелија дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари преку буџетот во различни проекти.

  • “Дел се завршени, дел се во тек. Тука се трите големи проекти кои што се веќе завршени и кои што ги реализиравме преку Министерството за транспорт во соработка со општина Гевгелија во селата Моин, Прдејци и Богородица. Понатаму, завршувањето на западниот булевар „Св. Климент Охридски“, тука е реконструкцијата на улицата „Железничка“, реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, „Гевгелиски партизански одреди до железничката станица, како и улицата „Новопланирана“.

  • Ќе продолжиме да работиме и во следниот период, да ја поддржуваме општината и заеднички со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот, Андон Сарамандов, да правиме уште убави работи за Гевгелија” – изјави заменик претседателот на Владата, Николоски. 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

Samsung продолжува да бележи рекордна продажба на серијата Galaxy Z8 во Европа, при што продажбата на Galaxy Z Fold8 и Fold8 Ultra е зголемена за речиси 50% на годишно ниво

Сообраќајот од пребарувања за уредите на Samsung со преклопен екран во Европа се зголеми за над 260%, при што во септември достигна скок од 460%

Димитриеска-Кочоска: Со вториот ребаланс ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења

Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

(Фото): Неколку илјади посетители на прославата на третиот роденден на „Diamond Mall“ со Петар Грашо и Јелена Розга

Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.

To top