Македонија

Уапсен возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев – барал мито

Возачот на генералниот секретар на Владата барал пари за посредување при вработување, по што полицијата организирала акција со обележани банкноти.

Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е уапсен под сомнение дека барал мито во замена за вработување, дознава „Плусинфо“. Според информациите со кои располага порталот, случајот бил пријавен во полиција, по што била спроведена постапка за документирање на наводното кривично дело.

На осомничениот, како дел од полициската акција, наводно му биле предадени претходно обележани пари, по што бил лишен од слобода. Засега нема официјални информации.

Најнови вести од: Македонија

To top