Свет

Трамп објави карта на „Голема Америка“ со Канада, Гренланд и – Мексико

Овојпат без коментар од претседателот на САД во провокативната објава на неговата социјална мрежа „Трут соушал“

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ја забавува светската јавност со своите објави на социјалните мрежи, овојпат со мапа на „Голема Америка“ на својата Truth Social, која покрај САД ги опфаќа и Канада, Гренланд и – Мексико?!

Изненадувачки е што тој сега го присвојува многу посиромашниот јужен сосед, со околу 130 милиони луѓе кои зборуваат шпански, а не англиски, иако предупредувањето за континуираната масовна имиграција од Латинска Америка, од која Мексико е дел, беше една од причините за неговата изборна победа.

Трамп неодамна го преименува Мексиканскиот Залив во Американски Залив, а езерото Онтарио, кое САД го делат со Канада, во Езеро Америка.

 

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top