Македонија

Македонците во Албанија: Честит Денот на независноста на Македонија, таа е нашиот завет!

Македонската партија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонските друштва во Албанија, упатија честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, до сите Македонци, во татковината и каде и да живеат низ светот, порачувајќи: „Македонија е нашиот завет!“

-На 8 септември 1991 година, македонскиот народ со своето убедливо „ЗА“ на референдумот го потврди вековниот стремеж за слободна, независна и суверена македонска држава. Тоа беше остварување на сон за кој генерации Македонци се бореле, страдале и ги положиле своите животи. Во тој историски пат се и Македонците од Албанија, стои во честитката на МАЕИ.

Се додава дека од Илинденското востание, преку Народноослободителната борба, па сè до референдумот за независност во 1991 година, Македонците од Албанија биле и остануваат нераскинлив дел од македонскиот народ и од борбата за македонска слобода и државност.

-На 8 Септември 1991 година, и Македонците од Албанија, преку петиција испратена до македонскиот државен врв, го поддржаа референдумот и создавањето на независна македонска држава. Денеска, 35 години подоцна, Република Македонија и Македонците надвор од нејзините граници се соочуваат со нови предизвици. Македонците во Албанија денес се соочуваат со сериозни обиди за асимилација и негирање на нивниот македонски идентитет од страна на Бугарија. Затоа, повеќе од кога било, потребна е силна, принципиелна и долгорочна државна стратегија за заштита и поддршка на Македонците надвор од границите на Република Македонија, се наведува во честитката.

„Македонците од Албанија со гордост се дел од македонската историја и одбележувањето на овој голем празник. Биле и остануваат нераскинлив дел од македонскиот народ и од борбата за македонска слобода и државност!“ – празнична честитка на организациите на Македонците од Албанија

Македонско друштво „Илинден“-Тирана честитајќи го овој голем и значаен историски ден, додава дека во создавањето, зачувувањето и афирмирањето на македонската национална свест и стремежот кон слободна и независна Македонија, свој придонес дале и Македонците од Албанија.

-Со негувањето на македонскиот јазик, култура, традиција и националниот идентитет, Македонците од Албанија со гордост се дел од македонската историја и одбележувањето на овој голем празник. Нека е вечен споменот на сите оние кои придонесоа за слободна и независна Македонија. Да го чуваме, почитуваме и славиме овој голем ден со гордост, достоинство и љубов. Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, стои во честитката на друштвото.

Денот на независноста го честитаа и друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ порачувајќи „Да го чуваме она што ни го оставија нашите предци и да им го пренесеме на генерациите што доаѓаат. Вечна да е слободна, независна и достоинствена Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе РМ во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата, оти тоа ќе биде уривање на АСНОМ и Илинден!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија се осврна и на Европската Унија, нагласувајќи дека тој работи во насока да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе државата во ЕУ, но додаде дека сите се свесни дека постои еден последен предизвик за да се почне со патот, а за да се надмине потребно да се да се создаде доверба.

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија

– Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на С. Македонија, додека славите 35 години независност. Соединетите Американски Држави се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер. С. Македонија игра важна улога во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста низ целиот регион преку нејзината посветеност на нашата заедничка одбрана […]

Мицкоски: Има само една татковина, еден сон, една борба, една идеја: Македонија! Премалку сме да се делиме!

Верувајте во нашата татковина. Не затоа што е совршена. Туку затоа што е наша и затоа што можеме да ја направиме подобра. Не затоа што немаме проблеми. Туку затоа што имаме сила да ги решиме. Не затоа што историјата ни ветила победа. Туку затоа што ние сме подготвени да ја заслужиме – порача денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на свеченоста под мотото „Силно светнал ден!“, што се одржува на платото пред Владата на Република Македонија.

Ахмети во празничната честитка: Да внимаваме, оти државата слабее кога граѓаните се чувствуваат исклучени!

„Охридскиот мировен договор ја преобрази самата држава. Тој ја промени филозофијата на нејзиното функционирање. Ја премести земјата од логиката на доминација на мнозинството кон принципот на соживот, еднаквост и заедничка одговорност. Оваа држава не е изградена за еден ден, ниту само од една заедница. Триесет и петгодишнината од независноста на С.Македонија е момент да размислиме сериозно каква држава сакаме да им оставиме на генерациите кои доаѓаат. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост, туку кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени.“ – наведува лидерот на ДУИ Али Ахмети во честитката по повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, која ја објави на својот официјален фејсбук-профил.

Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија

„Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес нè обединува љубовта кон Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ во честитката

Најнови вести

To top