Акцијата е насочена кон расчистување на случаите и обезбедување материјални докази.
Неодамна во медиумите се актуелизираше голем корупциски скандал во МВР поврзан со незаконско издавање и допишување на „Ц“ и „Д“ категории (за камиони и автобуси) во возачките дозволи на лица кои воопшто немале посетувано обука ниту положено испит.
Се појавија сомнежи дека на овој начин се фалсификувани повеќе од 300 возачки дозволи, а некои од инволвираните службеници претходно биле поврзани и со аферата за лажни пасоши („Двојник“).
Одделот за внатрешна контрола при МВР започна опсежна истрага, а министерот Панче Тошковски потврди дека се преземаат мерки во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО). Тој најави најстроги санкции за секој кој ја злоупотребил службената позиција.