Денеска времето низ поголемиот дел од земјата ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, а максималните ќе достигнат од 23 до 30 степени, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време, придружено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, додека максималната ќе достигне 28 степени.
До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време, со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а потоа правецот ќе се смени во југоисточен.