Хроника

Крадел струја со премостена мерна опрема, направил штета од над 180 илјади денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против 41-годишен жител на Виница поради сомнение за кражба на електрична енергија.

Според МВР, против В.М. (41) е поднесена пријава за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Пријавениот, како што е наведено, во Виница извршил премостување на мерната опрема, со што преземал делумно или целосно нерегистрирана количина електрична енергија.

Со тоа, според пријавата, на „Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје“ ѝ нанел материјална штета во вкупен износ од 181.972 денари.

Најнови вести од: Хроника

Ф.И. (33) од Банско, Струмичко, со комбе со украдени дрва прегазил и тешко повредил полски полицаец од „Фронтекс“!

Триесет и тригодишен жител на струмичко Банско е приведен откако со товарно возило удрил полициски службеник од Фронтекс од Полска, а потоа и трактор.

За криминалната афера „Возачки дозволи“ МВР поднесе кривични пријави за 27 лица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против 27 лица, меѓу кои и една вработена во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.

To top