Германскиот канцелар Фридрих Мерц им постави сериозен ултиматум на членките на Европската унија, заканувајќи се дека ќе го блокира буџетот на ЕУ ако не бидат вклучени гаранции за финансирање на Украина.
Мерц инсистира договорот за буџетот на ЕУ за периодот 2028-2034 година да вклучува гаранции за финансиска поддршка за Киев во 2027 година и следните години.
Според европските претставници, Украина може да се соочи со дефицит во финансирањето од околу 70 милијарди евра следната година. ЕУ веќе планира да издвои 45 милијарди евра за Киев. Берлин, исто така, бара договор за каматните плаќања на долговите на Украина и како овие трошоци ќе бидат распределени меѓу земјите-членки на ЕУ.
Досега Унгарија, Словачка и Чешка категорично се изјаснија дека нема да учествуваат во евентуален нов заем за Киев. Бугарија преку премиерот Румен Радев исто така најави дека нема да учествува во таква иницијатива, оправдувајќи ја одлуката со недостигот на средства во буџетот.