Македонија

Скопје денеска до 31 степен

Сонце, мала облачност и слаб променлив ветер

Денеска времето низ земјава ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а максималните ќе достигнат од 25 до 32 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник, поради продор на постуден воздух од север, ќе има опаѓање на дневните температури.

Најнови вести од: Македонија

Користење фосилни горива во Европа и Македонија

Македонија емитува околу 6,6 до 7,3 милиони тони CO2 во апсолутен износ на годишно ниво. Кога оваа бројка ќе се подели со бројот на жители, се добиваат емисиите на СО2 во тони по жител на годишно ниво и тие изнесуваат 3,5 до 3,6 тони, а тоа е значително подобро од просекот на ЕУ кој изнесува околу 5,5 тони, пишува во колумна професорот Ристо Цицонков.

Се шират лажни вести за сместувањето во студентските домови, сè е регуларно, рече Јаневска

Транспарентно се објавени ранг-листите за сместувањето во студентските домови и за тие што се примени и за тие кои не ги исполниле условите, тврди министерката Јаневска откако партијата „Левица“ обвини дека се кријат бодовите. Јаневска ги проверила овие информации и е децидна дека тие кои ги нема на списоците, не ги исполнувале условите.

To top