Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук ги опиша како „сè потешки и сè полоши“ односите со Македонија, за што го обвини (југо)западниот бугарски сосед.
„Односите со Република Северна Македонија стануваат сè потешки и сè полоши, бидејќи денес во Северна Македонија нема искреност. Каде сака да оди земјата? Ако идејата е да се оди во Европската Унија, двете главни политички партии мора да се договорат за ова прашање. И да го пронајдат овој јавен, политички, општествен консензус во нивната земја. А ние го гледаме токму спротивното. Регресија и повлекување. Ова не е во ничиј интерес, не е во интерес на Бугарија. Бидејќи сакаме да се граничиме со земји што припаѓаат на нашиот вредносен систем“, изјави за Бугарската национална телевизија (БНТ) поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент.