Свет

Дрон погоди нуклеарна централа во Русија!

Беспилотно летало удри во централата во Курск, но таа продолжи со работа, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија

Беспилотно летало удрило во разладувачката кула на реакторот во нуклеарната централа Курск во Руската Федерација, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

Според достапните извештаи, централата продолжила да работи без никакви промени во режимот на работа или појава на пожар.

Генералниот директор на ИАЕА, Рафаел Гроси, реагира за инцидентот, нагласувајќи дека нападите врз нуклеарните постројки се неприфатливи.

Тој посочи дека сите напади врз вакви локации би можеле директно да ја загрозат нуклеарната безбедност, без оглед на географската локација каде што се случуваат.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

To top