Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, објави на Фејсбук фотографии со членот на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, и „мерцедесот“ за кој тврдеше дека не е негов и оти никогаш не го возел.
„Андреј “НАТО” Жерновски во стилот на Артан “Лотарија” Груби, го вози автомобилот на “братучедот”.
Откако јасно кажа пред некој месец на гостување на поткаст, дека нема во своја сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, ниту пак дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, повторно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува “Мерцедесот”. (ФОТО)
Дополнително, непрописно се паркирал додека фрлаше ѓубре во контејнер. Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучед му ќе му ја плати казната“, коментира Манасиевски.